Политика за рекламации (Sport.MK Online Prodavnica)

Политика за рекламации

 Нашата политика за рекламации е либерална бидејќи нудиме квалитетни спортски производи од врвни производители.

Вие имате право на рекламации во следниве случаи:

  • Може да ни го вратите производот во рок од 3 дена, неносен, во оргинална амбалажа и ние ќе Ви ги вратиме средствата кои сте ги уплатиле.
  • Може да ни го вратите производот во рок од еден месец доколку при нормална употреба на производот истиот се скине, оштети или на било кој начин стане неупотреблив за користење.

Секоја рекламација мора да се најави преку линкот: Враќање на производи кој го имате во долниот дел на сајтот, каде се внесуваат сите информации за производот како и бројот на нарачката или фактурата со која е добиен производот.

Горенаведените права во никој случај не ги намалуваат или ограничуваат Вашите права кои се дефинирани со законите на Р. Македонија.