Политика на Приватност

Оваа изјава за доверливост се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб-страната www.sport.mk  и со користење на овaa веб-странa се собираат и чуваат во базата на податоци на ВОХ ДОО како снабдувач на веб-страната www.sport.mk и се усогласени со законодавството со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Важно e како крајни корисници да ги прочитате сите информации на оваа страница за да дознаете како ВОХ ДОО функционира и како да се користат истите. Крајниот корисник кој има било какви прашања во врска со нашата политика на приватност може да испрати eлектронска порака на адресата info@sport.mk . Од голема важност е крајните корисници внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност. Со пристапување или користење на нашиот веб, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласува со сите услови на доверливост на податоци и начинот на употреба на сајтот www.sport.mk . Доколку крајниот корисник не се согласува со оваа Политика на приватност, на крајниот корисник му е наведено како да се откаже од користењето на интернет порталот на www.sport.mk. Оваа политика на приватност ВОХ ДОО може да ја измени во секое време преку објавување на ревидираната Политика за приватност во делот " Доверливост на Податоци " на веб-сајтот. Ревидираната Политика за приватност стапува веднаш во сила од моментот на објавување на веб страницата на www.sport.mk . Крајниот корисник е единствено одговорен и должен да периодично ги разгледа податоците на оваа страница и да ги воочи промените во оваа Политика на приватност. Со континуирана употреба на веб-страната, се смета дека крајниот корисник ги прифаќа условите на ревидираната Политика на приватност. ВОХ ДОО ги собира информациите што го идентификуваат како одреден краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на www.sport.mk  веб-страната, како на пример отварање на нова лична сметка, нарачување на производ или услуга, пополнување на анкета, објавување на коментар, при испраќање на повратни информации ВОХ ДОО може да побара од крајниот корисник да обезбеди одредени информации за себе како што се име, адреса (вклучувајќи поштенски код), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за кредитна картичка, датум на важење, код за авторизација и други информации поврзани за крајниот корисник. На крајниот корисник е одлуката да го креира новиот профил. Ако крајниот корисник не ги обезбеди задолжителните информации за одредена активност кои се бараат, нема да биде дозволено да се вклучи во активностите на веб страната. ВОХ ДОО нема да ги сподели личните информации на крајниот корисник , освен ако не е во целост пополнето барањето за лични податоци во горенаведениот текст. Личните податоци ВОХ ДОО ги користи за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни e-mail, анализа на податоци, обработка на кредитни картички и друго. ВОХ ДОО ќе ги сподели вашите лични податоци како краен корисник со дистрибуција, сервис провајдери на стоки, испорака на пакети, испраќање поштенска или e-mail пошта. Крајниот корисник може да пристапи на уредување на личните информации кои ќе Ви ги обезбеди ВОХ ДОО. Крајниот корисник може да ја промени било која лична информација со испраќање на барање на e-mail адреса info@sport.mk. Во оваа електронска порака крајниот корисник треба да го наведе името, адресата и e-mail адресата, но и информации за тоа што тој сака да надополни или промени во личниот профил. ВОХ ДОО до крајниот корисник ќе прати барање (дозвола) за да испрати административни и промотивни електронски пораки. Доколку крајниот корисник не сака да добива електронски пораки, во секое време по регистрацијата може да ја избере опцијата за укинување на електронските пораки на означеното место или со известување на email info@sport.mk  (поништување билтен), кој се наоѓа во секојa билтен порака. Заштита на податоците ВОХ ДОО ги сфаќа со сериозност и презема бројни мерки на претпазливост за заштита на личните податоци. За жал, нема пренос на податоци преку интернет или преку било која безжична мрежа која може да биде 100% сигурна. Како резултат на тоа, додека ВОХ ДОО спроведува комерцијално разумни безбедносни мерки за заштита на податоците не може да ја гарантира безбедноста на какви било информации пренесени или со веб-страната www.sport.mk  и не е одговорен за постапките на било која трета страна на такви информации. Корисниците помлади од 14 години не смеат да ја користат веб-страната на www.sport.mk. ВОХ ДОО не поседува или одржува информации за никого под 14-годишна возраст, и веб-страната не е дизајниранa за да привлече некој кој е под 14 годишна возраст.